Connect with us

Фудбал

Мурињо по поразот од Брајтон: Се гледа зошто некои играчи не играат постојано

Тренерот на Манчестер Јунајтед  Жозе Мурињо очекувано ги критикуваше своите играчи по поразот од 0:1 од Брајтон доцна синоќа

Португалецот не беше среќен со неговиот тим и рече дека не е случајно што некои играчи не влегуваат редовно во првиот тим.

Тој не спомена конкретни имиња, но сигурно не беше задоволен од перформансите на Рашфорд и Марсијал, за кои многумина сметаат дека треба да играат повеќе. Но, двајцата сепак не се справија најдобро.

– Не бевме доволно добри затоа што играчите кои ги заменија другите не се претставија на вистинското ниво. Кога поединци не играат добро, тимот не може да игра силно. Можеби конечно разбирате зошто некои играчи играат повеќе од другите и ќе престанете да ме прашувате зошто А, Б или Ц не играат повеќе. Јас едноставно верував дека можноста за многумина да го започнат мечот ќе биде добредојден. Тука го добивте одговорот на прашањето: „Зошто секогаш Лукаку?“ и зошто се случува ова или она, објасни Специјалниот по мечот.

„Црвените ѓаволи“ остануваат фаворити за второто место во Англија, но Мурињо смета дека тоа не е важно за неговите играчи.

– Повторно, ќе речам дека ќе биде одлично да се биде втор, но ни треба уште неколку поени за да ја постигнеме нашата цел. Факт е дека ривалот бил посилен, покажа повеќе амбиција и желба од првата минута. Очигледно второто место не е важно за моите играчи, рече Мурињо.