Connect with us

Фудбал

Мурињо прави пеколен тим: Фенер донесе поранешна премиерлигашка ѕвезда и напаѓач од редовите на лутиот ривал

Новиот тренер на Фенербахче, Жозе Мурињо е решен да го прекине десетгодишниот пост на турскиот великан и да ја врати титулата во неговите витрини, а за тоа говорат и засилувањата кои пристигнуваат на стадионот „Шукру Сарачоглу“.

Откако редовите на Фенбахче ги засилија играчи како Чалгар Сујунџу и Раде Круниќ, францускиот крилен напаѓач Алан Сен Максимин и искусниот турски центарфор Ченк Тосун се споменуваат како две нови имиња кои би можеле да ги засилат популарните Канаринци.

Сите добро го паметиме Сен Максимин од периодот кога го носеше дресот на Ница и Њукасл Јунајтед, по што, како и многу фудбалери, минатото лето тргна по арапските милиони. Французинот претходната сезона ја мина во Саудиска Арабија каде беше  во Ал Ахли, а сега доби дозвола од првиот човек на клубот да замине во Истанбул на финални преговори. Играчот кој до неодамна важеше за еден од најдобрите дриблери во англиската Премиер лига наскоро би можел да го засили Фенер, во пакет со искусниот Ченк Тосун, кој доаѓа од редовите на градскиот ривал – Бешикташ.