Connect with us

Фудбал

Мурињо пристигна во Истанбул, му подготвуваат спектакуларна промоција (ФОТО)

Фенербахче очекувано го објави назначувањето на Жозе Мурињо за тренер на тимот. Според информациите, договорот ќе биде на две години со можност за уште 12 месеци. Денеска напладне Специјалот пристигна во Истанбул. Фенербахче му подготвува спектакуларна промоција пред фановите.

Синоќа гостуваше на финалето на Лигата на шампионите, а уште тогаш потврди дека ќе ги преземе „фенерите“. Мурињо вечерва ќе биде претставен на навивачите на клубот. Искусниот менаџер ќе има задача Фенербахче да стане шампион на Турција, нешто што не се случило десет години. Болката кај навивачите на клубот е уште поголема бидејќи во последните три изданија на првенството тимот остана втор.