Connect with us

Фудбал

Мурињо: Само еднаш плачев, а еве и кога…

Во големо интервју, за шпанска „Марка“ Жозе Мурињо откри досега непознат делаљ од неговата богата кариера.

Славниот Португалец тврди дека само еднаш плачел после пораз, само еднаш. Тоа наводно било во сезоната 2011/2012. Тогаш неговиот Реал Мадрид ја надмина Барселона на  Пеп Гвардиола и ја освои титулата. Но, загуби од Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Тогаш „кралевите“ во Шпанија триумфираа со рекордни 100 поени и 121 постигнат гол. Но, поразот во ЛШ тешко му паднал на Мурињ.

-Таа сезона Реал беше најдобар тим во Шпанија, но и во Европа. Поради тоа беше тешко да се прифати елиминацијата од Баерн Минхен во ЛШ, вели Мурињо.