Connect with us

Фудбал

Мурињо се соочува со првиот проблем пред натпреварот со Челзи

Тренерот на Мначестер Јунајтед Жозе Мурињо се соочува со првиот проблем пред големото дерби против Челзси.

Посебо не соочува со отказ после серијата на лоши резултати, но засега го спаси победата против Њукасл и на тој начин доби уште една шанса.

Сепак, во случај на пораз на Стемфорд Бриџ, Мурињо би бил на милост и немилост на сопствениците на Јунајтед, а тоа секако не сака да се случи.

Сепак, неколку дена пред натпреварот се случи една непредвидлива ситуација. Имено, еден од главните играчи во средниот ред на тимот од Олд Трафрд Немања Матиќ се повреди.

Англиските медиуми пренесуваат дека Матиќ е под знак прашалник за натпреварот против Челзи, но докторите на Манчестер Јунајтед ќе направат се за Матиќ да настапи на натпреварот.

Во случај да не игра многу, тоа секако ќе биде хендикеп за Манчестер Јунајтед и Мурињо.