Connect with us

Фудбал

Мурињо смисли нов план: Матиќ потполно ја менува позицијата?

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, се уште бара нови, многу потребни засилувања за претстојната сезона.

Наводно примарна мета на Мурињо е некој од најдобрите одбранбени играчи, а се шпекулира дека посебно на Олд Трафорд сака да види играчи како Самуил Умтити, Џером Боатенг или Рафаел Варан.

Последните шпекулации ги поврзуваат Тоби Алдервајрелд и Хари Мегваер со Манчестер Јунајтед, но ако Мурињо не успее да најде соодветно засилување во одбраната до крајот на преодниот период, може да “настрада” Немања Матиќ, брилијантен играч од средниот ред на Црвените Ѓаволи.

Имено, британскиот „Espress“ пишува дека Мурињо сериозно мисли дека Матиќ треба да биде префрлен на стоперска позиција во новата сезона , ко не ги добие посакуваните засилувања.

Секако ова не е прва опција на Мурињо, бидејќи Матиќ е одличен во средниот ред на Јунајтед. Сепак, засега клубовите на дефанзивците што Мурињо ги сака на Олд Трафорд бараат огромни надоместоци за своите играчи, па затоа не би било изненадувачки Мурињо да остане без нов стопер, а Матиќ да се пресели во срцето на одбраната.