Connect with us

Фудбал

Мурињо со наредба до фудбалерите, сите на тренинг, палете телефоните

Додека во Премиер лигата наголемо трае паузата поради пандемијата на коронавирусот, додека тамошниот премиер Борис Џонсон е заразен, како и принцот Чарлс, менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо (57) издаде „команда“ на играчите.

Тренинзите почнуваат во понеделник.

Наводно Мурињо наредил дека сака во понеделник сите фудбалери да бидат присутни на тренинг, но тренинзите ќе бидат од дома. Ќе бидат поврзани преку видео линк, но сепак ќе работат заеднички како тим.

Додека и натаму продолжението на сезоната е неизвесна, кондициониот тренер и членовите на медицинскиот тим дале на играчите директни упаства како да се однесуваат и што да прават во своите домови, во време кога е забрането да излекуваат и да посетуваат јавни терени и теретани.