Фудбал
Мурињо утре завршува големо засилување, а доаѓа и ѕвезда на Реал Мадрид?!
Победникот на првото издание на Конференциската лига, тимот на Рома, би можел многу посилно да влезе во новата сезона. Според угледниот новинар Џанлука ди Марцио, утре на лекарски прегледи во Рим ќе пристигне првото големо засилување, а тоа е српскиот репрезентативец Немања Матиќ.
Овој сигурен играч, многу верен на Мурињо, важи за вистински човек кој ќе и даде искуство и сигурност на средниот ред на „Волчицата“. Тој ќе потпише договор на една сезона со опција за продолжување на уште една, а неговата плата ќе биде три ипол милиони евра.
Првично планот беше да пристигне дури во јули, но последните денови Рома реши да ги забрза работите и да го донесе Србинот во Италија порано од предвиденото.
Како уште едно големо засилување на Рома се споменува Герет Бејл, чиј договор со Реал Мадрид истекува на крајот на месецот и тој ќе стане слободен играч.
Понудата што ја подготви Жозе Мурињо би можела да се натпреварува со онаа што пред Бејл ја ставија клубови од Англија, кои во последните недели покажаа интерес за доведување на велшкиот репрезентативец.
Мурињо и Бејл соработуваа во Тотенхем во сезоната 2020/2021, кога левоногиот играч од средниот ред играше како позајмен во „Спарси“.