Connect with us

Фудбал

Мурињо: Заслужено сме поразени

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо го призна поразот од Хадерсфилд упатувајќи критики до своите фудбалери за недоволно залагање.

– Можеби во второто полувреме одигравме со нешто поголема желба, можеби требаше да извелечеме и реми, но искрено мислам дека заслуживме пораз како казна. Сакам да сум критичен кон моите избраници. Не можам да се сетам дали и на пријателски натпревар нашиот пристап бил ваков, истакна Мурињо.

Португалецот додаде дека ќе ги анализира грешките и ќе ги критикува играчите.

– Во ред е да се загуби, но да бидеш поразен така, без борба и без желба за надигрување е друго прашање, додаде менаџерот на Јунајтед.

Манчестер денес од Хадерсфилд загуби со 2:1 што е негов прв пораз оваа сезона во Премиер лигата.