Connect with us

Фудбал

Муслиу: Мораме да анализираме каде правиме грешки

Фудбалската репрезентација на Македонија беше поразена на „Олимпико“ со високи 5:2 од Италија.

По натпреварот Висар Муслиу изјави дека мора да се анализираат грешките и побрзо да се подобри играта.

„Факт е дека овие квалификации примаме премногу голови. Очигледно е дека нешто не е во ред. Од пет гола, четири да примиш од прекин е неприфатливо за ова ниво. Мораме да бидеме повеќе сконцентрирани. Мораме да анализираме каде правиме грешки, бидејќи очигледно е дека овој меч имавме многу мани. Во игра бевме добри, но прекините ни се слаба точка. Мораме пред се играчите да ставиме прст на глава и да гледаме што побрзо да се подобриме и да гледаме во иднината“, изјави Муслиу.