Connect with us

Фудбал

Н‘голо Канте на чекор да стане „светец“

Францускиот гигант ПСЖ е решен да го доведе фудбалерот на Челзи, Н‘голо Канте. „Паризиен“ тврди дека играчот од средниот ред веќе постигнал договор со „светците“, но секако останува да се види дали можат „парижани“ и „сините“ да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.

Како еден од главните мотиви на Канте, покрај фактот дека би се вратил во родниот град, стои и желбата да игра во Лигата на шампионите. Минатата сезона Челзи го освои ФА Купот, но беше дури петти во Премиер лигата и не избори пласман во елитното фудбалско натпреварување.

Француските извори тврдат дека луѓето од опкружувањето на Канте, вклучително и менаџерите, се сретнале со претставниците на ПСЖ и постигнале договор за условите за соработка. Покрај тоа, би било погрешно да се каже дека во овој момент трансферот е близу реализација.

Се чини дека најголемиот проблем ќе биде од финансиска природа, бидејќи „светците“ во моментов немаат доволно капацитети да го финансираат трансферот на Канте бидејќи мораат да ги почитуваат правилата кои ги наметнува УЕФА преку финансискиот фер-плеј. Поради кршењето на истите тие веќе беа казнети.

Според неофицијалните информации до кои дојде „Паризиен“, Челзи за Канте би барал околу 110 милиони евра за негов трансфер, а не би требало да се заборави дека за овој играч за врска се интересираат и Барселона и Реал Мадрид.