Connect with us

Фудбал

На 4 години гледал како го убиваат неговиот татко, растел помеѓу дрога и картели, животна приказна на еден од најдобрите фудбалери

Има фудбалери со навистина потресни животни приказни кои имале навистина многу тешко детство. Хуан Куадрадо со години е меѓу најдобрите дриблери во светот. Продорен од десната страна. Кога ќе го врати филмот, за себе ќе каже дека имал одлична кариера, но сигурно како момче не ни сонувал дека тоа ќе се случи.

Вистинско чудо е како Куадрадо воопшто игра во Европа. Тој е роден во Некокла, место каде што дрогата, картелите и полициското насилство се секојдневие.

Кога имал четири видел како го убиваат неговиот татко. Се сокрил под креветот за да ја избегне смртта.

Неговата мајка му била куќна помошничка и подоцна почнала да продава банани, а малиот Куадрадо и била десна рака. Животот бил тежок, а Куадрадо гледаше излез само во фудбалот.

После тоа мајка му го оставила и го испратила кај баба му, таа едноставно не можела да му приушти нормален живот.

Кога имал 13 години, локалните клубови го забележале неговиот талент. Неговиот прв сериозен клуб беше Индепендиенте Меделин.

Во Европа пристигна во 2009 година. Играше за Удинезе, па Лече и Фиорентина. Тој со својата продорност и дриблинзи го полуде фудбалскиот свет.

Следуваа трансфери во Челзи, а потоа и Јувентус. За него европските великани потрошија вкупно 70 милиони евра, што доволно говори за неговиот квалитет.

Сега има 34 години и заработка од неколку десетици милиони евра, Куадрадо ужива во животот со сопругата Мелиса Ботеро и се грижи за малите деца. Се разбира, се обидува да не се враќа во минатото.