Connect with us

Кошарка

На 40 години, Новицки потпиша нов договор со Далас

Германското тешко крило на Далас Маверикс Дирк Новицки потпиша нов едногодишен договор, соопштија од клубот.

Четириесет-годишниот Новицки ќе ја игра 21-вата сезона во дресот на „телињата“, со кои ја освои титулата во 2011 година.

Ако запише барeм еден натпревар во новата сезона, Новицки ќе го собори рекордот на Коби Брајант и ќе стане првиот играч во историјата на НБА со повеќе од 20 сезони за еден тим.

Минатата сезона, Новицки играше во 77 натпревари и постигнуваше во просек по 12,0 поени и 5,7 скока по натпревар. Германецот висок 213 сантиметри се наоѓа на шестото место на вечната листа на стрелците во НБА, со 232 поени зад Вилт Чембрлен, а 149 пред Леброн Џејмс.