Фудбал
На Арсенал му фалат играчи со ма*иња: Дали и по 8 години „Топџиите“ нема да го освојат тоа фамозно четврто место (ВИДЕО)
Во минатото коло загубија од директниот конкурент за пласман во ЛШ и освојување на четвртото место, тимот на Тотенхем, а синоќа загубија од Њукасл. На овој начин се чини дека Арсенал ќе се прости и оваа година од играњето во ЛШ. Цели осум години „Топџиите“ не успеаваат да го освојат фамозното четврто место кое би им донело пласман во ЛШ.
Фудбалерите разочарани:
-Не заслужуваме да играме во Лига на шампиони, не заслужуваме ни во Лига Европа. На Арсенал му фалат играчи со мадиња да играат за Арсенал, изјави Гранит Џака после мечот.
По поразот од 2:0 против Њукасл, Артета изјави:
-Тешка ноќ. Њукасл заслужи победа и тоа комотно. Беа многу подобри во сите аспекти на играта, од првата до последната минута. Не одигравме ништо, а очајно реагиравме при голови. Едноставно, Њукасл беше многу подобар – изјави Артета.
До крајот останува само уште едно коло. Тотенхем на 22-ри мај му гостува на Норич, додека Арсенал истиот ден на домашен терен игра против Евертон. Во моментов Тотенхем има два бода предност, па само чудо може да се случи Арсенал да го освои четвртото место.