Connect with us

Фудбал

На денешен ден Фергусон го презеде Јунајтед, се останато е историја

Легендарниот Сер Алекс Фергусон на денешен ден во 1986 година беше именуван за менаџер на Манчестер Јунајтед, а веројатно не ни помислуваше дека на клупата на „Црвените ѓаволи“ ќе остане 27 години.

За оние кои не знаат или заборавиа, последниот тренер на Јунајтед пред Алекс Фергусон беше Рон Аткинсон, кој на почетокот на ноември 1986. година доби отказ.

Меѓутоа 6. ноември истата година започна една нова ера која траеше скоро три децении. Фергусон го презеде Јунајтед откако освои неколку трофеи со Аберден, а потоа израсна во централна фигура од богатата историја на клубот од „Олд Трафорд“.

За време на неговото 27-годишно владеење, Алекс Фергусон на „Олд Трафорд“ донесе неверојатни 38 трофеи, вклучувајќи 13 титули во Премиер лигата, два од Лигата на шампионите и пет од ФА Купот.

Сер Алекс Фергусон го предводеше Манчестер Јунајтед на вкупно 1500 натпревари, од кои издвојува победа на 895. „Олд Трафорд“ го напушти по сезоната 2012?2013. и тоа како шампион на Англија.

Алекс Фергусон денеска има 76 години и пред неколку месеци доживеа мозочен удар, а неговата здравствена состојба беше нестабилна. За среќа, успеа да закрепне и денеска повремено присуствува на натпреварите на својот сакан клуб.