Connect with us

SPORTM.mk

На Ибрахимовиќ се уште не можат да му го простат предавството

Златан Ибрахимовиќ пред неколку дена по 12-ти пат беше прогласен за најдобар шведски фудбалер. Почнаа да стигнуваат честитки од сите страни, како и од неговиот клуб каде ја почна кариерата, шведски Малме.

Сепак, дел од навивачите не беа среќни што нивниот клуб Малме на социјалните мрежи му ја честиташе наградата на Ибра.

-Тој човек не заслужува ништо од Малме, па ни честитка на социјалните мрежи.

-Дали навистина морате да ги пишувате овие глупости? Не гледам причина зошто да го спомнуваме Златан.

Ова се само дел од коментарите на Твитер откако Малме му честиташе на Ибрахимовиќ. Инаку, навивачите на Малме го сметаат Ибрахимовиќ за предавник откако Швеѓанецот одлучи да купи акции и да стане мнозински сопственик на Хамарби, долгогодишен ривал на Малме.