Connect with us

Фудбал

На Кариус се ќе му биде полесно после овие зборови на Салах

Германскиот голман Лорис Каруис се соочува со тешки критики веќе некое време поради катастрофалните грешки.

Лорис беше очаен во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид и беше виновен за поразот на „Редсите“ со резултат од 3:1, а истоа така пред некој ден во пријателскиот натпревар против Борусија Дортмунд во САД направи неверојатна грешка.

Кариус потоа им кажа на луѓето да се „истресат и што побрзо да ја исфрлат омразата од себе“, а во негова одбрана застана Мохамед Салах, одличниот Египќанец со кој Кариус ја дели соблекувалната.

„Сочувствувам со сите кои се радуваат кога гледаат дека другите патат или пропаѓаат. Што и да се случи во вашиот живот неверојатно е да сеете толкава љубомора и омраза. Се молам сето ова да пројде, а на сите вас кои ми пишувате ви посакувам добри работи“ напиша Кариус.

„Остани јак пријателе. Игнорирај ја целата таа омраза. Тоа може да му случи на на  најдобрите фудбалери“, му порача Салах на Кариус јавно преку Твитер.