Connect with us

Фудбал

На Копа Америка виден прекршок „за во затвор“: Рекордерот на репрезентацијата потсети на Де Јонг

Отворањето на Копа Америка понуди неколку возбудливи натпревари и интересни резултати, а по дуелите одиграни синоќа, фокусот е на потегот на најголемата еквадорска ѕвезда, Енер Валенсија. Еквадор пристигна на Копа Америка со големи амбиции со надеж дека ќе се доближи до финалето, но селекцијата веќе доживеа многу непријатно изненадување во првото коло.

Венецуела беше подобра од Еквадор со резултат 2:1, но клучниот детал од натпреварот се случи веќе во 22. минута кога беше одреден текот на остатокот од натпреварот. Еквадор остана со играч помалку поради старт кој не го гледаме често. Најдобриот стрелец во историјата на еквадорската репрезентација, Енер Валенсија, го остави својот тим на цедило откако со фатален старт удри противнички играч.

Валенсија немаше намера да го удри противничкиот фудбалер, што може да се заклучи од реакцијата по добивањето на црвениот картон. Тој се обвини само себеси, и се извини, но судијата оправдано му го покажа патот до соблекувалната.

Со својот жесток старт, прославениот ветеран потсети на уште еден „жесток тип“ од светот на фудбалот, а тоа е Најџел де Јонг, кој во текот на кариерата добиваше црвени картони поради слични стартови, а стартот над Чаби Алонсо на СП 2010 е особено сличен јсо овој на Валенсија.