Connect with us

Фудбал

На Олд Трафорд ништо ново, ѕвездата би можела да си замине бесплатно

Манчестер Јунајтед и во минатото на глупав начин знаеше да изгуби големи ѕвезди, а сега се соочува со ист проблем.

Челниците на Јунајтед се обидуваат да го задржат Давид де Хеа, на кој следната година му истекува договорот и тоа станува сериозен проблем и оправдано стравување на навивачите на Јунајтед.

Сепак, Јунајтед има опција да го продолжи неговиот договор на уште една година, а тоа значи дека Шпанецот во 2020. година може да го напушти Олд Трафорд како слободен играч.

Де Хеа во Манчестер дојде од Атлетико во 2011. година, но не сака да го продолжи договорот со Црвените ѓаволи и веќе се поврзува со некои клубови како што е Реал Мадрид.

Доколку се случи Де Хеа да се согласи на продолжување на договорот, големи се шансите некој клуб да го добие бесплатно, а тоа би било навистина тежок удар за Црвените ѓаволи.