Connect with us

Фудбал

На Пике навистина му се случуваат необични работи во последно време (ВИДЕО)

Жерар Пике во последните неколку месеци е во центарот на вниманието на светските медиуми. Причината за ова секако е неговото раскинување со колумбиската пејачка Шакира по 12 години врска и борбата за старателството над децата која допрва следи.

Пике моментално е во САД на тренинзи со Барселона и од стадион до стадион се случуваат навистина интересни сцени.

Пред неколку дена на натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид во Лас Вегас, дефанзивецот на Барселона доби бројни свирежи од трибините. Секој негов контакт со топката беше под лупа и имаше извици на името на неговата поранешна сопруга. Џерард не обрнуваше премногу внимание на тоа.

Тој си ја заврши работата на теренот, а неколку дена подоцна во Далас се случи сосема поинаква ситуација од Лас Вегас. По дуелот со Јувентус, 35-годишниот фудбалер доби огромни овации. Навивачите го скандираа неговото име, а тој на едно момче од публиката подари дрес. Веројатно не очекуваше ова да го доживее ниту во Далас, особено по она што му го дадоа фановите во Вегас, но различната средина носи поинаков менталитет на луѓето.