Connect with us

Фудбал

На повидок трансфер „бомба“, срамежливиот Канте се сели во тим полн со суперѕвезди?!

Неговата иднина е  неизвесна, а се чини дека Канте би можел да го смени клубот веќе во јануари.

Во моментов Челзи не започнал преговори за продолжување на договорот, а францускиот фудбалер е на листата на желби на ПСЖ.

Според британските медиуми, францускиот шампион многу внимателно ја следи ситуацијата на Канте во Челзи и не би имал ништо против да го види  во своите редови.

Идејата на раководството на ПСЖ е да се чека јануари, кога Французинот ќе влезе во последните шест месеци од договорот и ќе може да преговара со други клубови.

Канте од зимата може да потпише преддоговор со кој бесплатно ќе пристигне во ПСЖ во летото 2023 година кога му истекува договорот со Челзи.

Да потсетиме, Манчестер Јунајтед летово беше заинтересиран за Канте, но на крајот на Олд Трафорд пристигна Касемиро од Реал Мадрид.