Connect with us

Фудбал

На Раиола ниту судовите не му можат ништо!

Жалбите кои ги поднесоа најпознатите, а можеби и најконтроверзните фудбалски менаџери на денешницата Мино Раиола и неговиот братучед Вичензо вродиа со плод.

Имено Мино Раиола и Вичензо ќе можат нормално да продолжат со работа и да договараат трансфери ова лето.

И на двајцата им беа изречени забрани за вршење на менаџерска работа пораи случајот Џанлука Скамака и „грабнувањето“ на фудбалерот на Сасуоло од нивните претставници.

Сепак Раиола и Вичензо поднесоа жалби, а Федералниот жалбен суд во Италија ги прифати нивните верзии на случувањата и на крајот ја отстрани три месечната суспензија.

Суспензијата би траела до 9. август, а тоа и значително би влијаело на работата на Раиола ова лето. Сепак, сега ќе може без попречување да продолжи со својата работа.

Инаку, во текот на последниве неколку денови Судот за арбитража во спортот наговести дека забраната на Раиола ќе биде отстранета после повторното прегледување на фактите, но денешната одлука на судот во Италија претставува потполн пресврт во случајот.

За потсетување, Мино Раиола ги застапува бројните светски ѕвезди како Пол Погба, Лоренцо Инсиње, Марио Балотели, Матијас Де Лихт…