Connect with us

Фудбал

На Реал му тргна надолу, Бензема паузира две недели

Како некој да го проколнал Реал Мадрид оваа сезона и во последно време има само лоши вести на Сантијаго Бернабеу.

Овој тим не успеа да даде гол четири натпревари и се наоѓа во катастрофална состојба, а тренерот Жулен Лопетеги после се доби информација дека Бензема е повреден.

„После направените лекарски прегледи утврдено е дека Бензема ја повредил десната тетива. Ќе продолжиме да го следиме неговото закрепнување“, се наведува во соопштението на Кралевите.

Нима официјални информации за тоа колку Бензема ќе паузира, но се претпоставува дека на теренот ќе се врати за 15 денови, а единствената позитивна работа за Кралчевите е тоа што следува репрезентативната пауза.