Connect with us

Фудбал

На Салах му се дупна гумата, а работникот кој дојде да го влече автомобилот не го препозна веднаш

Мохамед Салах минатата недела доцнеше на еден од тренинзите на Ливерпул, но имаше добра причина за тоа.

Многумина беа изненадени што Салах не пристигна на тренинг бидејќи Египќанецот никогаш не доцни. Сепак, тој наскоро стапи во контакт со Јирген Клоп и објасни дека има проблеми со автомобилот, поради што задоцни на тренинг.

Имено, Салаху имал дупната гума на неговиот автомобил додека одел кон тренинг центарот на „црвените“ и морал да повика помош. Помошта пристигна брзо, но работникот не знаеше веднаш за кого станува збор.

Египќанецот отиде на тренинг во Бентли Континентал ГТ кој чини околу 160 000 фунти и очигледно е дека не е многу добар во менување гума.

Работникот кој му помогнал на Салах исто така ја искористил можноста да се фотографира за да може да им докаже на своите пријатели каков ден има на работа.

„Не разбрав веднаш за кого станува збор, но кога тој се сврте јас занемев. Тој беше многу љубезен кон мене. Го влечевме автомобилот кон неговата куќа и сè мина без проблеми. Секако, морав да се фотографирам со него за да се пофалам на моите пријатели затоа што никој немаше да ми веруваше кого влечев“, рече работникот.