Connect with us

Други спортови

Над 30 возачи ќе настапат на кружните трки во Скопје

По успешната организација на Кружниот авто-натпревар Скопје 2018 во октомври, АКК Примо авј ќе организира уште една трка на познатата патека лоцирана на Булеварот „Гоце Делчев“, во појасот Судска палата – Скопски саем и паркингот пред ВИП. Скопје круг ноември 2018 е закажана за утре, а официјалното отворање е од 11 часот, додека трката почнува од 12 часот. Ова е последна трка сезонава на кружни патеки. Учество имаат потврдено повеќе од 30 домашни возачи, како и гости од странство.

За прв пат во Македонија АКК Примо авј во соработка со брендот Ренаулт и Аутомотиве гроуп како официјален импортер за брендот Renault, во склоп на трката, ќе го организираат првиот Твинго Куп и ќе се претстават со свој штанд на кој ќе биде промоцијата на тркачките автомобили.
Гостин на неделниот настан ќе биде првиот шампион на „Twingo Cup“, Боштјан Авбелиј.

Покрај натпреварувачкиот дел во кој трките ќе бидат поделени по класи, ќе има и ревијален дел во кој Класата Бамбини сочинета од млади дечиња ќе возат картинг на патеката. Дополнително, настанот има и хуманитарен карактер, организаторот АКК Примо авј заедно со спонзорите ќе доделат донации на децата од СОС Детско село.