Други спортови
Надал го потврди учеството во Австралија Опен
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го потврди своето учество на претстојниот Австралиски Опен. Ова го соопшти директорот на Грен слем турнирот Крег Тајли.
-Разговарав со Надал. Тој го потврди своето учество и има намера да се врати во својата препознатлива форма, изјави Тајли.
За потсетување, Надал се соочи со повреди по УС Опен и е надвор од терените од септември.
Шпанецот во финишот на сезоната го загуби првото место на АТП ранг листата каде сега се наоѓа Новак Ѓоковиќ.