Connect with us

Други спортови

Надал не го вади Ѓоковиќ од уста: Па, гледате колку луѓе го загубија животот

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал повторно го коментираше Новак Ѓоковиќ.

Надал ја коментираше и ситуацијата со Ѓоковиќ во текот на постапката, а и по депортацијата на светскиот рекет број еден, истакна дека нивните ставови за вакцинацијата се различни.

Сега реши повторно да го коментира Новак и истакна дека ставот на Ѓоковиќ е далеку од неговиот.

„Ги почитувам мислењата на сите се додека тие мислења ги почитуваат другите. Позицијата на Ѓоковиќ е далеку од мојата. Па, гледате колку луѓе го загубија животот. Вистина е дека се се случуваше околу вакцините и разбирам дека луѓето се сомневаат во несакани ефекти, но не можеме да го знаеме тоа. Сепак знаеме дека стапката на смртност би била многу поголема да не била вакцината“, рече Надал и продолжи за непојавувањето на Ѓоковиќ на следните три Грен слем турнири и Мастерсот во Мадрид од Серија 1000:

„Без раслика дали ќе игра во Мадрид или не, таа дебата не е спортска. Би сакал Новак да игра на секој турнир бидејќи ги сакаме најдобрите тенисери на едно место. Јас сум љубител на спортот и дали гледам голф или фудбал сакам да го видам најдоброто. Сакам да ги гледам Ѓоковиќ и Федерер во тенисот, но овој проблем е над спортот и се однесува на глобалното здравје“.

Рафаел Надал без поголеми проблеми преку Жирона и Хофман се пласираше во третото коло на Австралија опен каде ќе игра против 30. тенисер во светот, Русинот Карен Хачанов.