Connect with us

Други спортови

Надал: Тешко е да се игра со Новак, а уште потешко е да се победи

Рафаел Надал во 2018. година заврши како втор тенисер на светот и задоволен е од тоа што го постигна во сезоната зад нас.

Ролан Гарос го освои 11. пати во својата кариера, а освои и уште три титули од „Masters 1000 series“.

„Доколку не ги сметаме повредите, ова беше добра сезона. Кога бев подготвен, играв добро и бележев одлични резултати – во таа смисла беше навистина успешно бидејќи играв на девет турнири и завршив како втор во светот“, кажа Надал и додаде:

„Ролан Гарос е најважниот турнир во мојата кариера, посебно е чувството да се освои 11. пати. Сакам да играм во Париз“.

Следната недела Надал и Новак Ѓоковиќ ќе ја започнат новата сезона во Абу Дабиј, а Шпанецот кажа дека српскиот тенисер му е еден од најголемите ривали.

„Новак докажа дека може да биде најдобар и дека е навистина тежок противник. Успеа да се врати, тешко е да се игра со него и уште потешко е да го победите. Нашите мечеви секогаш се интензивни затоа што тој е тенисер кој добро го покрива секој агол од теренот. Дефинитивно е еден од најголемите противници за било кој во тенисот“, заклучи Надал, кој со Ѓоковиќ има скор од 25-27.