Connect with us

Фудбал

Најапсурдниот потег во кариерата: Зошто Мбапе со скршен нос доби жолт картон

Фудбалската репрезентација на Франција го започна настапот на Европското првенство во Германија со минимална победа од 1:0 над Австрија, а триколорите со својот настап ја разочараа јавноста во својата татковина. „Победа што боли“, е еден од насловите на угледниот L’equipe по натпреварот, а особени критики трпи и Килијан Мбапе, капитенот на Франција, кој со еден гест го навлече гневот на навивачите врз себе.

Имено, на натпреварот против Австрија, Мбапе го доби најчудниот жолт картон во кариерата, а тоа беше резултат на крајно некоректен потег кој не доликува за фер-плеј. Тоа се случи во 90. минута, откако Мбапе го скрши носот во воздушен дуел со австриски фудбалер и извесно време му беше укажана помош надвор од теренот. Додека Австрија напаѓаше во тој момент, Мбапе реши да се врати на теренот по своја волја и да легне веднаш до теренот. Судијата Хесус Гил Манзано мораше да го запре нападот на Австрија поради тоа и му покажа јавно предупредување на Мбапе пред Оливие Жиру да влезе на теренот на негово место. Поради овој потег Мбапе го навлече гневот на навивачите, што е сосема разбирливо, но за него најважно е што Франција конечно стигна до победата.