Connect with us

Фудбал

„Најдобар играч со кој сум играл е Роналдо, а најдобар против кој сум играл е Меси“

Некогашниот германски репрезентативец Месут Озил на Твитер одговори на прашањето кој е најдобриот играч со кој играл и против кој играл.

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал одговора на прашања од навивачите кое ги поставуваат преку Твитер, а едно од нив беше горе споменатото.

Озил одговори дека Кристијано Роналдо е најдобар играч со кој играл и дека Лео Меси е најдобар играч против кој има некогаш играно.

Тоа очигледно значи дека за Озил, Меси е најдобари играч на денешницава со оглед на тоа дека има играно против двајцата, но сепак на крајот Меси е избран како потежок ривал.

Потсетуваме, Озил заедно со Роналдо ја делел соблекувалната на Реал Мадрид во периодот од 2010. до 2013. година.