Connect with us

Фудбал

Најголемиот хуманитарец помеѓу фудбалерите, Мане од Ливерпул гради болница во Сенегал

Ѕвездата на Ливерпул продолжува да изненадува со неговата хуманост. Неколку пати претходно помоагал во изградба на училишта и модерницазија на разни објекти од општествен интерес во неговиот роден Сенегал, а сега поради пандемијата планира да финансира изградба на болници каде би се лечеле заболените од Ковид-19.

Бјорн Беземер, негов агент, ја потврди информацијата, дека на иницијатива на Мане веќе почнала изградба на болница, а трошоците ќе изнесуваат 3,5 милилни долари. Целата сума ќе ја покрие самиот Мане.

-Садио Мане сака да го модернизира местото во кое се родил, таму и претходно изградил училиште, вели Беземер, додавајќи дека Мане на секој начин се обидува да помогне на луѓето кои живеат во местото Бамбали во Сенегал каде што е роден.