Connect with us

Фудбал

Најголемиот скандал во кариерата на Тони Крос: На крајот доби удар по носот, буквално

Тони Крос е познат по групата на играчи кои немаат дамки во кариерата.

Надвор од теренот, тој води мирен и удобен живот со неговата сопруга Џесика. Не е во центарот на вниманието и може да се каже дека живее далеку од очите на јавноста.

И Крос е вистински џентлмен на теренот, а во сениорската категорија се уште нема добиено црвен картон, што доволно говори за него и неговата дисциплина.

Меѓутоа, кога играте на високо ниво со години и запознавате разни ликови, нереално е да се очекува дека во одреден момент нема да ги изгубите нервите.

Крос го направи својот најголем, а може да се каже и единствен вистински скандал на теренот, пред девет години, во дресот на германската репрезентација.

Во дуелот меѓу Италијанците и Германците, одигран во ноември 2013 година, Крос неколку пати го удри Тијаго Мота одзади, а на крајот доби удар по носот.

Мота најпрво го удри Лам по лицето, по што Крос побара одмазда и почна да го удира одзади репрезентативецот на Аѕурите.

После тоа, на теренот имаше општа гужва, а Мота му пријде на Крос и го удри со рака по носот, што јасно се гледаше на снимката.

Се заврши со жолт картон на двајцата играчи. По тој меч Мота изјави дека Крос не се однесувал спортски, но и дека за него се завршило на теренот.

Се чини дека тогаш и самиот Крос извлекол лекција, бидејќи навистина ретко се случува еден од најдобрите играчи од средниот ред на денешницата да влезе во дискусија со противнички играчи.

Во меѓувреме се прости од германската репрезентација, а неодамна ги загрижи сите во Реал велејќи дека не е време да се зборува за продолжување на соработката.

Крос има 32 години, договорот со Реал му трае до следното лето и нема сомнеж дека Флорентино Перез ќе направи се за да го задржи во својот тим.