Connect with us

Фудбал

Најк се посрамоти: Секој што го сака новиот дрес на Барселона, ќе мора да почека

Сите оние кои сакаат да го купат дресот на Барселона за натпреварувачката сезона во 2020/21 година, ќе треба да почекаат, причината е срамот на Најк, кој веќе подолго време е технички спонзор на клубот од „Камп Ноу“.

Како што пишува „Каталонски спорт“, Барселона мораше да ги повлече дресовите од продажба заради лошиот квалитет. Продажбата требаше да започне следната недела, но тоа нема да се случи.

Имено, бојата на новите дресови започнува да бледеј по потењето и перењето. Планирано беше фудбалерите да ќе ги промовираат новите дресови против Еспанол, но од технички причини тоа нема да биде можно.

Најк веќе ги испрати дресовите во продавниците ширум светот, но ќе мора да ги повлечат, што ќе предизвика дополнителни трошоци и за американскиот производител и за Барселона.

Патем, новиот дрес на Барса повторно има вертикални линии на него, кои овој пат ќе бидат оддвоени со тенки жолти линии. Гостинскиот сет ќе биде црн, а третиот ќе биде розов.