Connect with us

Фудбал

Најлошата репрезентација на светот има девет пати повеќе навивачи од жители: Како настанал феноменот

Зголемената популарност на фудбалската селекција на Сан Марино во последно време е предмет на истражување на бројни медиуми, бидејќи официјално најлошиот тим на светот го следат стотици илјади фанови на социјалните мрежи. Сан Марино и официјално е најлошата репрезентација во светот. Во последните 20 години не победија никого, ремизираа само неколку меча и забележаа безброј порази.

Меѓутоа, во Сан Марино фудбалот се игра од чиста страст која не познава граници. Фактот што Сан Марино не победи никого 20 години создаде навивачки феномен кој вели дека репрезентацијата има околу 300.000 следбеници. Тоа е девет пати повеќе од населението на оваа мала земја.

„Една победа, неколку нерешени, порази бескрајни. Сепак страст без граници“, стои во описот на твитер профилот на „Сан Марино фудбал“, страницата на тамошната репрезентација која во последните месеци стана вистински хит. Со овој профил на Твитер управува аргентинскиот новинар Езекиел, кој докажува дека страста кон Сан Марино веќе ги преминала границите. Најголем дел од навивачите на репрезентацијата доаѓаат од странство.