Connect with us

Кошарка

Наместо пријателски меч, летаа боксови, инцидент на мечот помеѓу ТФТ и Чаир (ВИДЕО)

Македонската кошаркарска федерација ќе ги преземе сите мерки, и ќе изрече соодветни казни за актерите во инцидентот кој се случи на пријателскиот натпревар помеѓу екипите на ТФТ и Чаир 2030, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, кој беше прекинат од страна на официјалните лица, велат од федерацијата. Инцидентот се случил вчера за време на меч кој требало да биде пријателски.

-За таа цел, согласно со првичните информации, комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, од актерите, односно од претставниците на двата клуба, побара да му достават изјави за инцидентот, односно причините за прекинатиот натпревар.
Освен тоа свое видување во писмена форма ќе дадат и официјалните лица (судиите и делегатот на натпреварот), по што ќе бидат донесени соодветни одлуки. По втор пат за кратко време, во подготвителниот период, пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, екипата на Чаир 2030 е учесник на натпревар во кој се случуваат работи кои немаат ништо заедничко со кошаркарската игра, се вели во соопштението на КФСМ.