Connect with us

Фудбал

Напаѓач на италијански клуб: Тешко е во карантин, секои 10 минути паѓам во искушение да го отворам фрижидерот

Капитенот на Аталанта, Алехандро „Папу“ Гомес зборуваше за тоа колку на секој фудбалер му е тешко во самоизолација во време на пандемијата со коронавирусот.

-Не знаеме ниту што да вечераме, а познато е дека фудбалерите мора да внимаваат на исхраната. Бидејќи секогаш сме затворени, се наоѓаме во искушение да го отвориме фрижидерот на секои 10 минути, изјави Гомес за италијанските медијми.

-Кога ќе се вратиме на теренот после два месеци без никаков меч, ќе биде тешко. Исто така ќе биде тешко да имаме натпреварувачки меч во лето кога температурата надминува 30 степени. Не сме навикнати на тоа, вели Гомес.

Тој е капитен на Аталанта, а токму мечот против Валенсија одигран во Милано во рамките на ЛШ, пред 40 илјади фанови се смета за „биолошка бомба“ во Италија и дека е најголемиот извор на ширењето на коронавирусот.