Connect with us

Фудбал

Наполи е лидер на крајот од првата полусезона во Серија А

Екипата на Наполи првата полусезона во Серија А ја заврши на првата позиција со 48 бодови откако синоќа во првиот натпревар од 19. коло го совлада тимот на Кротоне со 1:0.

Стрелец на единствениот гол беше Марек Хамшик во 17.минута.

На табелата веднаш зад лидерот е шампионот Јувентус со 44 бодови, кој на убедлив начин претходните шест сезони ја освојуваше титулата.

Денеска се играат и другите девет дуели од 19.коло, а Јувентус гостува кај Верона.