Connect with us

Фудбал

Наполи отфрлил понуда од 103 милиони евра од Јунајтед

Претседателот на Наполи Аурелио де Лаурентис отфрлил понуда на Манчестер Јунајтед од 103 милиони евра (91.4 милиони фунти) за сенегалскиот дефанзивец Калиду Кулибали, потврди „Кориере дело Спорт“.

Тоа се случило пред неколку дена, кога „црвените ѓаволи“ испратија официјално барање до Наполи.

Кулибали се справува брилијантно во Наполи до моментов и се смета за еден од најдобрите дефанзивци во Европа.

Пред неколку дена пак менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо се пожали дека премногу високите финансиски барања на тимовите не му дозволуваат да привлече класа фудбалери.

– Немате шанси на трансфер пазарот ако не сте подготвени да направите луда понуда. Другата опција е да се задоволиш со помалку добри играчи, но повторно за луди пари. Сепак, тие не се добри за тим како Манчестер Јунајтед, изјави Мурињо.