Фудбал
Наполи за неколку минути ја „разби“ Специја, цел меч за Елиф Елмас (ВИДЕО)
Екипата на Наполи со 3:0 славеше на гостувањето кај Специја во последниот меч оваа сезона. Сезоната Наполи ја завршува на третото место зад Милан и Интер, кои вечерва од 18:00 часот одлучуваат кој ќе биде шампион. На Наполи му беа потребни 36 минути да ја „разбие“ Специја. Во 4-та Политано донесе водство од 0:1, Зеленски во 25-та го удвои водството, а третиот гол беше дело на Деме во 36-та минута. До крајот на мечот немаше промени на резултатот. Специја е на 16-то место, па без разлика на поразот, опстанокот е обезбеден.
Standings provided by SofaScore LiveScore