Фудбал
Насмевката кажува се, Ериксен претставен во Јунајтед: Не можам да поверувам! (ВИДЕО)
Кристијан Ериксен е претставен и официјално во нов играч на Манчестер Јунајтед. Тој во дресот на „Црвените ѓаволи“ доаѓа како слободен играч, откако договорот од шест месеци му истече со Брентфорд.
Тој вели дека играњето на култниот стадион „Олд Трафорд“ е многу посебно, но верува дека ќе биде поинакво чувството кога ќе игра во дресот на домашниот тим.
-Отсекогаш беше многу посебно да се игра на Олд Трафорд. Во принцип, играјќи против толку голем клуб како Манчестер Јунајтед, секогаш има нешто посебно. Како што реков, ќе биде чудно да се биде од другата страна, но верувам прекрасно, вели Ериксен.
Ериксен на ЕП во дресот на Данска колабираше на теренот. Му беше вграден дефибрилатор на срцето поради што мораше да го напушти Интер, односно не можеше да игра во Серие А поради строгите правила. Сепак, во Англија нема такво правило, па по шестмесечното одлично претставување во Брентфорд, одлучи кариерата да ја продолжи во Јунајтед.
Освен за Интер, играше за Тотенхем и Ајакс.
The new chapter has started 🔴🔥👹 pic.twitter.com/TgGLP8Q6Oc
— Christian Eriksen (@ChrisEriksen8) July 26, 2022