Connect with us

Фудбал

Навас помеѓу стативите

Раководните лица на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, дошле до заклучок дека младиот голман, Матија Перин, не може да биде сериозна опција кога е во прашање првата голманска позиција.

Моментално, прв голман на “старата дама” е полскиот интернационалец Војчех Шчесни, но клупските челници се убедени дека мора да биде ангажиран голман кој има поголемо искуство кога е во прашање Лигата на шампиони.

Прв на нивниот список е резервниот голман на Реал (М), Кеилор Навас, кој ја грее клупата за резервни фудбалери откако на “Сантијаго Бернабеу” се пресели белгискиот интернационалец, Тибо Куртоа.