Connect with us

Фудбал

Навечер оди во болница за да не го видат новинарите и играчите: Ван Гал откри потресна вест!

Селекторот на холандската репрезентација Луј ван Гал синоќа откри потресна вест.

Ван Гал гостуваше во една емисија на холандска телевизија, а се без текст остави кога откри дека боледува од тешка болест.

Легендарниот тренер призна дека боледува од рак на простата, и дека за жал веќе е во подмолна фаза и што е најлошо е доста агресивен.

Ван Гал одамна знаеше дека има опасна болест, но тоа го криеше од своите играчи. Сепак, ситуацијата стана доста сериозна и тој реши се да открие јавно.

„Имам рак на простата. Сè уште не сум им кажал на играчите. Кога ќе ги видат моите румени образи, сите мислат дека сум здрава личност, а за жал тоа не е така. Минувам низ најтешкиот период од мојот живот. но тоа е така, сето тоа е дел од животот“, изјави Ван Гал.

Тој откри дека долго време е „редовен гостин“ во болница и дека имал 25 зрачења. Во болница оди само навечер за никој од играчите или новинарите да не го види и да разбере што се случува.

Меѓутоа, холандските медиуми пишуваат дека Ван Гал е свесен дека ситуацијата е доста тешка и дека за жал може да умре во секој момент, па затоа и јавно одлучил да каже дека е болен за никој да не се изненади што се случило доколку тој умре.

Се уште не се знае дали Ван Гал ќе остане селектор на Холандија или ќе ја напушти клупата на оваа репрезентација пред Светското првенство кое започнува во ноември.