Connect with us

Фудбал

Навивачите бесни-Емери доаѓа, па тоа е полошо од коронавирус

Во Италија се убедени дека Стефано Пиоли наредната сезона нема да биде на клупата на Милан. Поради тоа се шекулира за потенцијалните наследници.

Еден од нив е Унаи Емери, кој во моментов е без работа откако доби отказ во Арсенал. Не е прв пат „Росонерите“ да се интересираат за него, бидејќи имаше обиди за соработка во 2016-та година.

Но, со ова не се согласуваат дел од навивачите на Милан. На Твитер може да се забележат секакви коментари за објавените вести дека е можно Унаи Емери да биде нов тренер. Имаше и таков коментар дека доаѓањето на Емери е полошо и од коронавирусот.

Покрај Арсенал, во неговата кариера Емери ги предводеше ПСЖ, Севиља, Валенсија, Алмерија и Спартак Москва.