Connect with us

Фудбал

Навивачите на Арсенал: „Унаи, време е…“ (ФОТО)

Унаи Емери за кратко време стана омразена личност на „Емиратите“.

Ова лето дојде како наследник на Арсен Венгер, но на поранешниот тренер на ПСЖ му беа потребни околу 200 минути на клупата на Арсенал за да ја добие оваа порака од навивачите.

Арсенал беше поразен од Манчестер Сити во првото коло, па од Челзи во второто коло, а денеска губеше на „Емиратите“ од Вест Хем.

Тимот од северен Лондон не е онаков каков што го сакаат навивачите и засега е далеку од борбата за титулата, па веќе започнаа кампањите против Емери и бараат од него на го напушти клубот.

„Унаи, фала за спомените, но време е да си заминеш“, порачаа навивачите на Арсенал.