Connect with us

Фудбал

Навивачите на Аталанта казнети поради навредите кон Влаховиќ

Аталанта и Јувентус ги одмерија силите во неделата и заврши 1:1.

Мета на навивачите на Аталанта беше Душан Влаховиќ, кој неодамна во голем трансфер потпиша за Старата дама.

Навивачите на Фиорентина му упатија жестоки закани, го нарекоа предавник, а тој беше навредуван и од навивачите на Бергамо.

Поради навредата дека е „циган“ Аталанта ќе уплати 10.000 евра во касата на сојузот.

Интересно е што Влаховиќ беше навредуван во Бергамо кога беше член на Фиорентина.

Влаховиќ имаше неколку одлични прилики на неделниот меч, но не се запиша во листата на стрелците. Засега тој во Јувентус има постигнато два гола на три одиграни натпревари.