Connect with us

Фудбал

Навивачите на Барселона бараат заминување од Валверде

Барселона веќе четири натпревари во Ла Лига не знае за победа, па навивачите на каталонскиот великан полека губат трпение со тренерот Ернесто Валверде

После ремито со Валенција на Местаља (1:1) Барселона му ја препушти лидерската позиција на на табелата на Севиља.

Навивачите не се задоволни со игрите на тимот. Бараат промени, како на стадионот, така и на друштвените мрежи – заминување на Валверде од клупата.

Каталонските навивачи посебно ги налути фактот дека на натпреварот со Валенсија не менуваше ништо до самиот крај.

Валверде имаше објаснување зошто не направи ништо за да ја освежи екипата.

„Не менував ништо до самиот крај затоа што сакав да почекам. Верував дека играчите кои се на теренот ќе ни донесат победа“, рече Валверде.

Овај стратег на клупата на Барселона седна минатата година и во првата сезона ја освои Ла Лига, Кралскиот куп и Суперкупот на Шпанија.