Connect with us

Фудбал

Навивачите на Барселона ги очекува ноќ каква што не ни сонувале: Провокација дојде и од Русија (ВИДЕО)

Вечерва продолжуваат возбудувањата во клупскиот фудбал со натпреварите од шеснаесетфиналето на Лига Европа и Конференциската лига.

Барселона речиси по две децении е во Лига Европа по неубедливите игри во групната фаза од Лигата на шампионите, а вечерва гостува кај Наполи.

Социјалните мрежи беа преплавени со „шеги“ на сметка на навивачите на Барселона кои секако не очекуваа нивниот тим да биде во ваква ситуација.

Колку Барселона стана предмет на коментар покажува и видеото кое стана хит.

Еден навивач на Барселона почна да ја игра Лигата на шампионите во видео игра, но програмата брзо се префрли на Лигата на Европа на УЕФА, а тоа го користат навивачите на Зенит да ги исмеваана навивачите на Барселона, бидејќи рускиот тим е еден од фаворитите да ја освои Лига Европа. Зенит вечерва игра против Бетис.

Овој интересен скеџ е само показател каква сезона има Барселона, а сигурно е дека евентуалниот успех во Лигата на Европа би им одговарал на симпатизерите на каталонскиот клуб кои очигледно ќе имаат подолг период на опоравување, но се чини дека Чави полека ги реди коцките на клупата.