Connect with us

Фудбал

Навивачите на Интер спремаат инвазија на Рим

Лацио и Интер во последното коло од Серија А ќе ги одмерат силите за четвртото место на табелата, кое води во Лигата на шампионите.

Во пресрет на 38-тото коло, Лацио има 72 поени и го има потребното четврто место. Интер е позициониран на едно место подолу и има три бода помалку, а во случај на победа ќе го заземат четвртото место.

Колку е важен овој натпревар кажуваат и вестите од Милано, кои кажуваат дека дури 12.000 навивачи на Интер го најавија своето присуство на Олимпико. Се претпоставува дека околу 7.000 навивачи ќе пристигнат од Милано и уште другите 5.000 од другите делови на Италија.

Натпреварот помеѓу Лацио и Интер ќе се одигра во недела во 20:45 часот.