Connect with us

Фудбал

Навивачите на италијанскиот великан во еуфорија, доаѓа Серхио Рамос?!

Во Јувентус има вознемиреност за Глисон Бремер кој се повреди на мечот со Лајпциг, па следните неколку месеци ќе биде принуден на долга пауза. Повредата на коленото на бразилскиот централен бек го вклучи алармот, Јувентус во овој момент веќе  ги проценува можностите што може да ги понуди пазарот на слободни играчи.

Поради ова, на Тиаго Мота ќе му треба сигурен и искусен централен бек, кој може достојно да го замени Бремер и во првенството и во ЛШ. И тука почнува еуфоријата на навивачите на Јувентус. Имено дел од италијанските медиуми објавија дека една од опциите е Серхио Рамос, кој е слободен играч, откако во јули го раскина договорот со Севиља.   Шпанскиот репрезентативец со 38 години може да ја доживее својата последна голема авантура од несекојдневната кариера досега. Дали тоа ќе биде така, останува да видиме.