Connect with us

Фудбал

Навивачите на Јувентус сакаат извинување – Бонучи: Нема потреба за тоа

Леонардо Бонучи се врати во Јувентус и некои навивачи на овој клуб сега бараат извинување од стоперот.

Бонучи минатото лето премина од Јувентус во Милан, а сега се враќа дома. Неодамна го прослави погодокот во дресот на „Росониерите против Јувентус, имаше некои несогласувања со Јуве, но очигледно се брзо се реши.

Меѓутоа, дел од навивачите на Јувентус бараат од Бонучи извинување, но тој смета дека то не е потребно.

„Не морам да реагирам со зборови. Мое е да се докажам на теренот“, рече Бонучи.

Бонучи за 42 милиони евра го напушти Јувентус минатото лето, а сега се враќа во замена за младиот стопер Матија Калдара, кој со Гонзало Игуаин кариерата ќе ја продолжат на „Сан Сиро“.